Како дете бил жртва на сексуално вознемирување, сега пешачки 111 километри за институциите да ги чујат другите жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-30-at-14.27.13

Кирил Ангелов, кој во детството бил жртва на сексуално злоставување, а подоцна успешно се изборил и со канцерот, најави хуманитарен подвиг – пешачење во должина од 111 километри, со цел подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца, булинг и сите форми на насилство.

— реклама —

Ангелов објави дека акцијата ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година. Почетната точка ќе биде Скопје, а завршната Демир Капија, иако рутата може да претрпи промени, зависно од условите на терен.

— реклама —

„Молкот на државните структури низ годините ме натера на овој потег. Верувам дека народот може да промени сѐ, ако има желба. Можам ова пешачење да го направам сам, но целта ми е да покажеме дека жртвите не треба да поминуваат сами низ сопствените тегобни патешествија,“ напиша Ангелов.

— реклама —

Тој ги охрабри сите заинтересирани да му се приклучат – било од Скопје, Велес, Неготино или за само еден дел од патот – со цел да се покаже заедништво и поддршка. „Да ги утешиме жртвите дека треба да побараат помош, да се доверат некому и да го поминат животот во љубов и пријателство, а не сами и во изолација. Болката не треба да е табу, а ни тишина,“ порача тој.

Ангелов, кој денес пишува за сопствените трауми, вели дека подвигот е начин да се испрати силна порака дека општеството мора да ја крене свеста и да застане зад најранливите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања