Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Како директорката на Груби, Мерита Мустафаи, гради хациенда на Попова Шапка со директорска плата, зошто не ја пријавува, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
51527416724_29ef17fba6_c

Како директорката на Груби, Мерита Мустафаи, гради хациенда на Попова Шапка со директорска плата, зошто не ја пријавува и има ли поврзаност со акредитацијата на Метролаб блиска до Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи, во својот анкетен лист нема пријавено имот - хациенда на Попова Шапка од 150м2, сопственост на нејзиниот сопруг.

— реклама —

Хациендата Мустафаи ја градат во 2020 година, а веќе следната 2021 таа е изградена, за тоа време директорката на Груби Мустафаи е директор на Бирото за метрологија, истото Биро, кое дава акредитација на Метролаб, основана од шалтерски работник кај братот на Артан Груби, за баждарење на точила за нафтени деривати и течен нафтен гас на бензински пумпи и економски оператори кои се занимаваат со трговија на гориво.

Зошто директорката на Груби, Мустафаи, не ја пријавила хациендата на Попова Шапка во нејзиниот анкетен лист и имали доказ за потекло на средствата со кои е градена истата?

— реклама —

Сомнително е што директорката на Груби, Мустафаи, има два стана во Тетово, од кој вредноста на едниот соодветствува со висината на кредитот земен истата година, но истата нема пријавено дополнителни средства, од кои би можела да се финансира изградбата на хациендата.

— реклама —

Директорката на Груби, Мустафаи, да каже од кои пари е направена хациендата на Попова Шапка. ДКСК и ЈО да отворат постапки“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања