Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
1-5

Ковачевски да каже како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, попусливоста е последица на ранливоста поради енормниот криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ескалирањето на односите со Бугарија е последица на попустливоста и веднењето кичма на СДС. Владата исполни се што беше побарано од неа, дури и невозможни и нерационални работи, па така како природен след доаѓа ставот на Бугарија дека и понатаму се друго што ќе побараат ќе биде исполнето од овие политичари, резултатот е повлечен амбасадор и односи како во студена војна.

— реклама —

Власта потпиша се што беше побарано, само за зачувување на личните фотелји.

Ковачевски и Пендаровски заглавија до толку што за нивната неспособност и некадарност за нормализирање на односите обвинија дека зад сите работи стојат странски служби, без да кажат кои се, и што им е интересот. Пендаровски иако платен од народот за да го штити, и службите под него исто така, не кажа кој тоа ја дестабилизира Македонија. Само сее ветар и магла.

— реклама —

Исти како Пендаровски се и Ковачевски и Османи, кои првин се заканија дека ќе прогласат одредени политичари за персона нон грата, а потоа ретерираа и кажаа дека ќе почекаат до 4ти февруари. Што ќе чекаат? Дали чекаат инциденти или политиката ја претвораат во естрада и поле за циркузанти?

— реклама —

Ковачевски, Османи и Пендаровски со нивното килаво однесување, кое е резултат на нивната корумпираност и криминал, а со цел да останат ден повеќе на власт ја понижуваат Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања