Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Како Ѓорѓиевски би го решил проблемот со уличните кучиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
kucinja-kuce

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, информира дека имал средба со претставници на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, новинарката Мери Јордановска, Ирена Ристиќ и волонтери од градот.

— реклама —

На средбата се разговарало за хумано решавање на проблемот со бездомните животни, што, како што истакна Ѓорѓиевски, е прашање од заедничка одговорност кое директно ја засега и безбедноста на граѓаните.

— реклама —

„Преку вистински политики и искрена волја можеме да изградиме град во кој животните нема да бидат заборавени, туку згрижени и заштитени. Заслужуваме град каде што целосно ќе биде решено ова хуманитарно, здравствено, безбедносно и економско прашање“, порача Ѓорѓиевски.

Меѓу идеите што беа разменети се подобрување на условите во прифатилиштата, чипирање и стерилизација за контрола на популацијата, поттикнување на вдомувањето и едукација на граѓаните за одговорно сопствеништво.

— реклама —

„Верувам дека заедно можеме да создадеме Скопје кое ќе биде пример за хуманост, град во кој граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, а секое куче ќе има право на достоинствен живот,“ додаде кандидатот за градоначалник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 година

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 година

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 година

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања