Како Google Maps да престане да ви работи во позадина?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин

Ако апликацијата не ја користите офлајн - исклучете ја скриената опција за Google Maps.

— реклама —

Google Maps е апликација која многу лесно се користи и без интернет Но, сите оние што не ја користат оваа апликација без интернет треба да знаат да ја исклучат опцијата која обично се активира сама по себе - офлајн мапи.

— реклама —

Офлајн мапите во Google Maps обично содржат две мапи од околу 100 мегабајти, кои автоматски се ажурираат во заднина, без предупредување, па дури и знаење на корисникот.

— реклама —

Освен ако конкретно не сте ѝ кажале на апликацијата да не го прави тоа, Google Maps во позадина ги презема мапите до работата на корисникот и околу неговиот дом и одвреме-навреме ги ажурира за да може корисникот да ги користи кога ќе му притребаат.

Проблемот е што на мнозинството корисници не им се потребни овие мапи.

Google Maps обично во позадина го следи движењето без знаење на корисникот, бидејќи тоа е работата на оваа апликација - геолокација - така што апликацијата знае кога заминувате на работа, како одите таму (пеш, со превоз или со автомобил), со кого одите таму, како и во кое време и на кој начин најчесто. За да ви помогне полесно да стигнете до работа, апликацијата во позадина презема дел од мапата што го покрива секојдневното движење од дома до местото каде што работите и на овој начин сака да ви помогне полесно да стигнете таму и додека штедите интернет.

Ако не сакате Google Maps да го следи вашето секојдневно движење и во позадина да презема и ажурира мапи, тогаш кликнете на вашата икона во горниот десен агол на апликацијата Google Maps и потоа кликнете на опцијата Offline Maps во новоотвореното паѓачко мени. Во Offline Maps исклучете ги Auto-update offline maps и Auto-download recommended maps. Исто така, во преференциите за преземање, вклучете ја опцијата Over Wi-Fi only, за да не се преземат случајно мапите преку мобилната мрежа.

Доколку ви изгледа нејасно или комплицирано, следете го примерот на сликите:

/%d0%b5%d1%80%d1%84%d0%b3%d0%b5%d1%9a%d1%80%d1%84%d0%b3%d1%9a%d0%b5" rel="attachment wp-att-222826">

/%d0%b3%d1%85%d1%98%d0%ba%d1%98%d0%bb8" rel="attachment wp-att-222827">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања