Промени тема
Контакт

Како и дали АД ЕЛЕМ ќе ја покрие разликата помеѓу произведената струја и потребната за испорака, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dalekovod_Pari

Со СДСМ народот е се посиромашен, АД ЕЛЕМ понуди 17% поскапа струја, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Струјата која АД ЕЛЕМ ќе ја продава кон ЕВН, а тие понатаму ќе им ја препродаваат на домаќинствата е 48 евра по мегават час. Тоа се 17% повеќе од до сега.

— реклама —

Дополнително се става под знак прашалник како и дали АД ЕЛЕМ ќе ја покрие разликата помеѓу произведената струја и потребната за испорака.

— реклама —

Само во последните 7 месеци потрошени се 200 милиони евра за купување струја од берза.

АД ЕЛЕМ не произведува доволно, па мора да купува струја и по 250 евра за мегават час.

— реклама —

Сето ова ќе се спречеше, ако во РЕК не се крадеше од тендери, и наместо увоз на јаглен од други држави се инвестираше во домашни ископи и функционални блокови.

— реклама —

Дополнително ако власта одговорно се однесуваше со хидропотенцијалот, сега акумулациите ќе беа во подобра сосотојба.

Негрижата на СДСМ за енергетската стабилност на земјата комбинирана со крадењето во енергетските претпријатија резултира со 200 милиони евра платени за скапа струја директно од буџетот на државата и поскапи сметки за народот“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања