Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП „Градски паркинг“ и АДСПС во Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај по 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.
За време на посетата на папата Франциск, на 6 и 7 мај, во Скопје ќе има посебни правила за движење на автомобили и пешаци. Низ централното градско подрачје ќе може да поминете само со лична карта или пасош, некои улици и булевари ќе бидат затворени, а центарци нема да може да ги користат своите возила во зоната „Голем ринг“, објави fakulteti.mk...
Како што информираа од координативното тело за организирање на посетата на папата, на територијата на Град Скопје и правецот од Меѓународниот аеродром - Скопје до центарот на градот ќе важат посебни сообраќајни правила за движење на автомобили, како и посебни правила за движење на пешаците низ центарот на Скопје.
Рестриктивна зона ...
Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, во вторник, 7 мај, од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот. Сите возила ќе бидат пренасочени на сообраќајниците околу центарот во Скопје за да може непречено да се движат.
Во овој временски период ќе се формира „рестриктивна зона“ на движење. За автомобили целосно ќе бидат затворени следните улици: 11 Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улиците Димитрие Чуповски, Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип 2 Македонски, Св. Климент Охридски (адвокатска) и Иљо Војвода.
Жителите на Центар да ги остават автомобилите дома
Каде и да одите, тргнете порано...
Како ќе се движат пешаците?
Текстот во целост на: www.fakulteti.mk