Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Како и кога се врши дотур на лекови и храна во Дебар?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
debar-4

Достава на прехранбени производи, медикаменти и други потребни стоки на подрачјето каде што е прогласена кризна состојба (општините Дебар и Центар Жупа) ќе се врши единствено во периодот од 8 до 14 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека заради продолжување со работа на индустрискиот капацитет „Кнауф Радика“ Дебар, овозможен е безбеден протек на возилата со кои се врши транспорт на ресурси и стока во подрачјето каде што е прогласена кризна состојба.

Возилата со кои се врши дотур на стока и возилата на компанијата „Кнауф" се упатуваат кон безбедносниот пункт во правец на ХЕЦ Шпиље и ХЕЦ Глобочица или безбедносниот пункт преку Бошков Мост, од каде што само со полициска придружба се упатува кон територијата на кризното подрачје, информира МВР.

— реклама —

Истоварот на стоката, додаваат, ќе го вршат исклучиво лица што веќе се во подрачјето каде што е прогласена кризна состојба, а на возачот на возилото или негов сопатник нема да му биде дозволено напуштање на возилото. По истоварот на стоката, возилото исто така со полициска придружба се враќа кон еден од безбедносните пунктови, каде по извршената дезинфекција му се дозволува слободно движење надвор од територијата на која е прогласена кризна состојба.

Во интерес на зачувување на здравјето на граѓаните, сите граѓани задолжително да се придружуваат кон овие насоки за постапување, апелираат од МВР.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања