Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Како изгледа паралелниот центар на МВР за заштита на податоците при терористички напади и природни катастрофи?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
baza-MVR

Голема бетонска сфера, објект во облик на круг кој може да се најде и на мапите на гугл, до крајот на годината ќе биде наполнет со опрема и ќе стане паралелен односно дополнителен центар за потребите на МВР. Во него ќе се чуваат податоци од информативните бази на МВР, се вика центар за продолжување на активностите и за обнова после катастрофи. Бетонскиот прстен е во средина на објектот кој е заштитен со бодликава жица и се наоѓа во предградието на Прилеп, веднаш до армиската касарна. За овој објект кој е дел од македонските обврски за придружување на Европската Унија, платени се преку ИПА фондовите и државниот буџет околу 3,4 милиони евра, објави Телма. 

Но за тоа како ќе изгледа внатре, македонската полиција ги криеше информациите од сензитивни безбедносни причини, затоа што таму ќе се наоѓа база на податоци и скапа софистицирана опрема која пополека се вградува внатре во објектот. И покрај тајноста, на српскиот веб сајт „градња“ излезе напис на оваа тема, но и фотографии од внатрешноста на бетонскиот прстен кој од високо наликува и на вселенска база. Надлежните од МВР ги известиле финансиерите од ИПА дека се објавени фотографиите преку архитектот на бетонскиот прстен кој е од Белград.

— реклама —

 

— реклама —

Текстот во целост на: Телма. 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања