Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Како лакот на ноктите да трае што подолго?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryul5eg9v7jg3efZGRz2e
фото: unsplash

Лакот на ноктите трае кратко и често почнува да пука веќе по само еден ден. Сепак, постојат неколку трикови со кои можете да го продолжите траењето на домашниот маникир.

Постојаното миење раце или садови, користењето средства за дезинфекција, како и летото, кое носи капење во море и базен, значат дека нашите раце постојано се во контакт со вода. Тоа, воедно, му штети и на маникирот.

Токму тоа го скратува траењето на лакот на ноктите. На врвовите почнува да пука или да се лупи и многу брзо доаѓа време за ново лакирање.

— реклама —

За да го спречите тоа, на почетокот е потребно да ги исчистите ноктите со ацетон, дури и ако на нив нема лак, советуваат од „Гламур“. Тоа се прави за да се отстранат евентуалните остатоци од лак, но и природните масла што се наоѓаат на ноктите. Овие масла најчесто се пренесуваат од врвовите на прстите и спречуваат лакот совршено да се прилепи на ноктот.

Исто така, важно е да се избегнува контакт со вода непосредно пред лакирањето. Под влијание на водата, ноктите благо се шират бидејќи ја впиваат водата дури побрзо од кожата. По извесно време повторно се собираат и се враќаат во првобитната состојба. Токму поради тоа ширење и собирање, лакот може да испука ако се нанесе откако ноктите впиле вода.

— реклама —

Пред нанесување на лакот, потребно е благо да се истурпира површината на ноктите. Нерамната површина, која често настанува поради листање на ноктите, може да предизвика предвремено пукање на лакот. Освен тоа, со турпијањето се отстранува и вишокот природни масла од ноктите.

Не се препорачува користење лакови постари од една година бидејќи тогаш почнуваат да ја менуваат структурата. Контактот со воздух ги згуснува, па при нанесувањето се создаваат ситни грутчиња, што подоцна може да доведе до пукање на лакот. Исто така, не е добро шишенцето со лак да се тресе пред употреба бидејќи така се создаваат меурчиња од воздух.

Иако изгледа како неважен чекор, базниот лак, односно base coat, е темелот на секој маникир. Тој спречува појава на дамки на ноктите, ги зајакнува и ја измазнува нивната површина. Воедно овозможува подобро прилепување на слоевите лак што се нанесуваат врз него.

— реклама —

Тие слоеви треба да бидат тенки. Според „Бирди“, колку се потенки слоевите и колку подолго време се сушат меѓу нанесувањата, толку подолго ќе трае лакот. Препораката е меѓу слоевите да се почека од пет до десет минути.

При нанесувањето на лакот, внимавајте со четкичката да поминете и преку врвот на ноктот. Крајот на ноктот е особено важен бидејќи токму оттаму најчесто почнува пукањето на лакот. По лакот следува завршниот слој, односно top coat.

— реклама —

Се препорачува да се користат лак и завршен премаз од ист бренд, бидејќи нивните формули се создадени да функционираат најдобро заедно. При нанесувањето на завршниот слој многу е важно тој да се нанесе исклучиво на ноктот, бидејќи ако премине на кожата или кутикулата, лакот може да се подигне и да почне да пука. Ако тоа се случи, вишокот треба да се отстрани, на пример, со стапче за уши и ацетон.

За ноктите целосно да се исушат, почекајте околу 45 минути. Завршниот слој може да се нанесува секојдневно за маникирот да трае подолго, пренесува „Гламур“. Се препорачува и редовна употреба на серум за кутикулите.

Секако, лакот ќе трае подолго ако се избегнува контакт со вода, но тоа е речиси невозможно. Во одредени домашни работи можат да помогнат заштитни ракавици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања