Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Како Мијалкови стигнале до атрактивното земјиште во Охрид каде градат хотел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
436379323_753537420250242_4137723493996268395_n-1

Фирмите на Мијалкови, земјиштето во Охрид на атрактивна локација со поглед на Охридско Езеро го купиле во 2011 година, а веќе во 2012 година добиле и одобрение за градење. Градоначалникот Кирил Пецаков нема преземено било какво дејствие во врска со предметната парцела.

— реклама —

„Во 2007 година од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет Горица, кој од мнозинството советници е усвоен. Понатака во 2011 година врз основа на усвоениот план е организирано јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски, а по завршувањето на истото е склучен договор за оттуѓување на градежно земјиште со најповолниот понудувач.

Понатака во 2012 година е издадено одобрение за градење на инвеститорот, а во 2013 година е склучен анекс од страна на Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување на рокови. Исто така анекс на договор е направен и во 2020 година е направен уште еден анекс со Општина

— реклама —

Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште – уреденост на градежното земјште согласно УПВНМ.

— реклама —

Од погоре наведеното може да се констатира дека целокупната постапка е започната и завршена многу оддамна пред моето доаѓање на позиција градоначалник, па оттука нејасно ми е зошто токму пред избори и зошто токму јас сум повикан за нешто што се случувало оддамна, иако на оваа тема многу пати се зборувало во минатото. Овие факти нека служат како одговор до сите медиуми и иницијативи кои што доставуваа барања за информации од јавен карактер“, вели Пецаков.

— реклама —
436379323_753537420250242_4137723493996268395_n

Мијалкови градат хотел во Охрид, продадено е државно богстство, кој дал дозвола?, прашува „О2 Иницијатива“

Невладината организација „О2 Иницијатива“ објави дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, гради хотел во Охрид.„Горица 3, Охрид. После долго време планираниот хотел започнува да се гради. Макотрпно човечки пошумениот рид во минатиот век, продаден пред 10ина години, површина од 15.778 м2, раскрчмен, во сопственост на ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје на Мијалкови, во чија сопственост е и хотелот Мериот на плоштадот Македонија во Скопје.ДИВЕЛОП ГРУП официјално на хартија е во сопственост на Александар Иван

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања