Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Како може лице од безбедносен ризик, осомничено за транспорт на кокаин, да добие дозвола од МВР за поседување на оружје, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kokain

Ништо од прозападните вредности на владата, Македонија ја претворија во Див запад. Ниту право владее, ниту правна држава имаме. Секојдневие станаа убиства, ликвидации, киднапирања, бегства од затвор, криминалот царува, а мафијашите наместо да одговараат пред законот се договараат со власта, прашува ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Затоа клучните криминалци имаат дрскост јавно да пукаат и да ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Оливер Спасовски како министер и Сашо Тасевски како директор на БЈБ се должни да им одговорат на граѓаните.

— реклама —

Прашуваме, дали Полицискиот началник, Музафер Каришиќ, човек од доверба на Спасовски и Тасевски, како член на комисијата за издавање на одобрение за оружје му дал дозвола за поседување на оружје на Шукри Асани, кој е осомничен за транспорт на кокаин? Како може криминалец од листата за безбедносен ризик да поседува дозвола за оружје? Ова е исто како на пироман да му дадеш канта со бензин и запалка и да го пуштиш сред шума.

— реклама —

Полицискиот началник Каришиќ е директно одговорен и поставен од страна на Спасовски и Тасевски. Неговите постапки не е можно да не биле дозволени од страна на овие двајца. Дали Спасовски и Тасевски свесно дозволуваат криминогени лица да шетаат слободно вооружени и дали со таквите лица имаат тајни договори и бизниси?

Јавноста мора да ги знае овие одговори, бидејќи безбедноста на граѓаните е загрозена“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања