Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Kако на лицa со трајна попреченост по налог на Министерката за одбрана им било дадено оружје во рака, вели Ковачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
318067644_554141823388312_2208083207637547126_n

Тие што треба да го бркаат криминалот и корупцијата во МО тоа не го прават, а Министерката за одбрана за нивната послушност ги наградува со повеќе-годишни дипломатски плати надвор од државата, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да објаснам:

Вчера прашавме до каде е истрагата за криминалот и корупцијата во МО, односно како е можно никој да не одговара што на лице со трајна попреченост (веројатно психичка) или со судски постапки по налог на Министерката за одбрана им било дадено оружје во рака, а за тоа дури земале и плата од МО, но одговор немаше.

— реклама —

Прашавме и како е можно на мировна мисија надвор од државата единицата да биде испратена без болничар, или со помалку стрелци затоа што на нивно место по налог на министерката заминале лица-котлари.

Од МО како најтранспарентно министерство одлучија да молчат и да не одговараат.

Не добивме одговор ниту зошто Министерката за одбрана директно го крши Законот за Одбрана со тоа што ги деградира офицерите и подофицерите со нејзини писмени Решенија и на тој начин, преку газењето на војничката хиерархија, создава револт кај офицерите, кај подофицерите и кај војниците.

— реклама —

Нормален човек кој редовно плаќа даноци на државата и очекува системот да функционира, ќе се запраша дали нема кој да се дрзне да ја праша зошто го прави тоа, дали е така исправно и дали е тоа така затоа што за тоа се земени пари?

Нормален човек ќе праша дали има некој да ја праша Славјанка како тоа устите им се полни со борба со корупција и празни флоскули, а смрди-корне од распаднатиот систем воспоставен од кадрите на СДС и ДУИ.

Одговорот е нема кој тоа да го направи. Зошто?

— реклама —

Затоа што лицата - офицери кои по Закон се должни да постапат, а не постапиле, односно молчеле и НЕПРЕЗЕМАЛЕ ништо, Министерката за одбрана ги има наградено со неколку-годишни дипломатски плати. (!!)

Така на пример, најглавниот уште минатата година го наградија со плата од над 4000 евра месечно во Виена и се' уште е таму - ја претставува Македонија во ОБСЕ, а вториот којшто дојде на негово место сега чека потпис за исто толкава плата од Пендаровски за да и тој замине да ги брани боите на Македонија во НАТО во Брисел.

Затоа нема борба со корупцијата во МО, затоа што сите знаат дека е беспредметно да се пријави корупција.

— реклама —

Затоа што пријавата за корупција нема ниту да се заведе или ќе заврши во фиока на офицерите кои наместо да го спроведат законот, тие го кршат и го покриваат криминалот, а за тоа биваат наградени со дебели суми на пари токму од тие што ги потпишуваат решенијата.

Славјанка го наследи трулиот систем на Шекеринска и во истиот добро се вклопи. Кадрите на СДС и ДУИ со својата алчност за пари и отсуство на чувство за одговорност ја симнаа одбраната на најниското скалило на функционирање“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања