Ако знаете каде да го поставите рутерот и како правилно да ги наместите неговите антени, можете значително да го подобрите квалитетот и покриеноста на Wi-Fi сигналот во домот.
Според експертите, дури и неколку мали промени во положбата на уредот можат да ја зголемат јачината на сигналот и да ги намалат таканаречените „мртви зони“ во просторот.
Повеќето антени на рутерите се омнидирекциски, што значи дека сигналот се шири хоризонтално. Вертикално поставената антена најдобро покрива простор на истиот кат, додека хоризонтално поставената испраќа сигнал и нагоре и надолу, што е корисно за куќи со повеќе ката.
Кај домовите на едно ниво се препорачува сите антени да бидат поставени вертикално. За куќи на повеќе ката, производителите советуваат барем една антена да биде наклонета под агол од околу 30 степени за подобро покривање на горните или долните катови.
Важно е и местоположбата на рутерот. Најдобро е да биде поставен во централниот дел од домот, а не покрај надворешен ѕид, бидејќи така дел од сигналот се губи надвор од објектот.
Рутерот треба да биде поставен на висина од околу 30 до 50 сантиметри од подот, а препорачливо е да биде подалеку од микробранови печки, аквариуми, метални предмети, Bluetooth уреди и дебели бетонски ѕидови, кои можат да го ослабат Wi-Fi сигналот.
Современите рутери користат повеќе фреквенции. Мрежата од 2,4 GHz има поголем дострел и полесно поминува низ ѕидови, 5 GHz овозможува поголема брзина, но пократок дострел, додека 6 GHz нуди најголеми брзини, но со најограничено покривање.