„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Како се случи масакрот кај Карпалак?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
karpalak

Масакрот кај Карпалак — најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.

— реклама —

Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

Во Карпалак од самиот почеток на воената криза имаше полициски пункт, а без знаење на Министерството за одбрана истиот беше повлечен на два дена пред да се случи „Карпалак“. Повлекувањето на полицискиот пункт беше извршена со нечија наредба, причината за повлекување и кој го наредил од МВР не се познати.

— реклама —

Неколку дена пред тоа, Љубе Бошкоски, вршејќи обиколка на Тетовскиот простор и Гостивар, при враќањето за Скопје, на самото место Карпалак, неговата придружба од оклопни транспортери отворија оган по ридовите од левата и од десната страна на местото Карпалак. Истата вечер медиумите објавија дека „Министерот за внатрешни работи е нападнат на просторот Карпалак“. Чуден факт е што кај месноста Карпалак не се забележани терористи, а просторот беше надвор од зоната која е опфатена со воени дејства. Исто така сообраќајот од Скопје за Тетово и обратно, како Тетово - Гостивар - Маврово се одвиваше без било каков инцидент. Тука беше ОБСЕ, НАТО кои исто така го набљудува целиот простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања