„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Како семејната фирма на Груби со 4 години по ред загуба купила имот од пола милион евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Нервозата кај Артан Груби станува се поочигледна после секој аргумент кој покажува дека неговие блиски луѓе трупаат енормно богатство во време кога сите граѓани осиромашуваат. Веќе не поминува неговата реторика и етикетирање. Фактите ги гледаат и Албанците и Македонците и сите останати. Артан Груби е прочитан како буквар, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Груби треба да одговори како туристичката агенција во сопственост на неговиот брат ЕТЦ Травел се секнала со луксузен имот на улица Македонија со површина од 127м2 со вредност од околу половина милион евра, кога истата таа фирма според податоците на Централниот регистар 4 години по ред работела со загуби.

Како може ваква несолвентна фирма да земе толку голем кредит кога има пад на приходи од 73%?

— реклама —

Дали Артан Груби ја користел својата позиција во Владата да и овозможи повластици на семејната фирма? Како фирмата на Груби стекнува толкав луксузен имот во време кога илјадници други компании ставаа клуч на врата.

Дека Ковачевски со денови се крие и не смее да изусти ни збор, тоа е веќе очигледно. Затоа не го повикуваме него да го разреши Груби после овој скандал. Ги повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби, да го истражат овој имот но и другите скандали поврзани со заменикот на Ковачевски. Европските вредности подразбираат чесност и отчетност, но и владеење на правото. Еве им прилика на институциите да се покажат на дело“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања