Промени тема
Контакт

Какви совети на буџетска сметка ќе му делат на Ковачевски плагијаторот Леонид Наков и неговиот заштитник Предраг Трпески, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
14032022_PVRSM_Kovacevski_pres-konferencija_1

Какви совети на буџетска сметка ќе му делат на Ковачевски плагијаторот Леонид Наков и неговиот заштитник Предраг Трпески, вели опозицијата.

„Леонид Наков е професор кој е обвинет за плагијат од Филип Фиданоски, Школа за економија, Универзитет на Нов Јужен Велс, Сиднеј, Австралија. Универзитет кој се наоѓа во првите 50 најдобри во светот.

— реклама —

Наков кого Ковачевски го назначува за свој советник го искористил научниот труд на Фиданоски и не го потпишал при неговото објавување. Наков го признава плагијатот, но не го исправа.

— реклама —

Предраг Трпески е декан на Економскиот факултет каде Наков е редовен професор за време на плагијатот, кој не го санкционира по дописот до него од авторот на трудот Фиданоски, кој е жртва на плагијаторот Наков.

— реклама —

Што може плагијатор и негов заштитник да го советуваат Ковачевски и кој е критериумот за избор на советници на премиерот? Дали за избор на советник кандидатот мора да биде дел од некаква афера, за да не падне нивото во СДСМ“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања