Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференцијата обвини дека во Владата на Христијан Мицкоски има голем број функционери со бугарски пасоши, оценувајќи дека станува збор за „лицемерие“ во однос на прашањето за внесување на малцинствата во Уставот.

— реклама —

На прес-конференција, Филипче рече дека владејачкото мнозинство го одбило предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства.

„Се поставува прашањето зошто тоа го направија? Затоа што пола Влада требаше веднаш да си замине“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека Владата применува двојни стандарди кога станува збор за Бугарите во Уставот и функционерите со бугарски државјанства.

— реклама —

„Може целата Влада да биде составена од луѓе кои во џебот имаат бугарски пасоши, ама Бугари во Уставот – тоа не може“, рече лидерот на СДСМ.

Филипче во обраќањето повторно се осврна и на Преспански договор, оценувајќи дека претставници на ВМРО-ДПМНЕ признале дека договорот ги заштитил македонскиот идентитет, јазик и култура.

— реклама —

Тој посочи и дека членството во НАТО придонело за безбедноста и бизнис-климата, обвинувајќи ја власта дека со години ширела страв и манипулации околу идентитетските прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања