Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Калеска –Ванчева: Иницијативата за собирање потписи од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи одржувањето на пописот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

По цели 19 години, државата, конечно, оваа пролет ќе спроведе попис на населението и домаќинствата, согласно сите стандарди и пракси на Евростат. Конечно, како држава да имаме целосни, прецизни и релевантни податоци кои ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој. Добиените податоци ќе послужат како одлична база за градење на политики и мерки во образованието, здравството, социјалната и детска заштита, но и во земјоделството, културата и развојот на регионите и општините, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ и претседателка на Форум на Жени на СДСМ.

— реклама —

Калеска –Ванчева додаде:

— реклама —

Државата, инситуциите, пред се Државниот завод за статистика се подготвени да реализираат успешен попис.

Поддршка за потписот доаѓа од нашите стратешки партнери, ЕУ и САД. Само ВМРО-ДПМНЕ е против, се нешто бојкотира, попречува, саботира. Несериозно и крајно неодговорно.

Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис, само го зајакнува она што граѓаните веќе добро го знаат. ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски се анти народна партија која работи против своите граѓани и против својата држава.

Секој пратеник од било која пратеничка група, до Собранието може да достави предлог текст на Закон. Отука, јасно е дека овој потег Мицкоски е само за внтрепартиска употреба и исполнување на сопствени хирови. Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата, нема да успеат.

Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации. По цели 19 години Државниот завод за статистика ќе спроведе попис кој ќе донесе точни и целосни податоци за населението и домаќинствата.

видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања