Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Калеска -Ванчева: Мицкоски е исплашен од поразот, лаже дека се потребни 60 дена за избори после вонредна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Како што одминува пандемијата и изборите стануваат реалност, така исплашениот Христијан Мицкоски со сите сили се обидува да избега од изборно соочување. Мицкоски се плаши од волјата на граѓаните, тоа е видливо и тоа е јасно и затоа пласира бројни невистини.

Последна лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е дека наводно Венецијанската  комисија наложила државите да организираат избори ако се поминати 60 дена по завршување на вонредната состојба, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

Тоа воопшто не е точно и дополнително таква препорака не се однесува на нашата земја туку само на Грузија, поради одредби во нејзиниот Устав.

— реклама —

Да го подучиме Мицкоски, нашиот политички систем функционира по Уставот на Република Северна Македонија, а не по Уставот на Грузија.

Самиот Извештај на Венецијанската Комисијата започнува со реченицата „Не постои формално правило во меѓународното право кое ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба.

— реклама —
Понатаму реферира на различни уставни и законски примери од државите за чии законодавства Венецијанската комисија давала мислење, меѓу кои е и Уставот на Грузија. Тој Устав предвидува дека по воена или вонредна состојба нема да се спроведуваат избори пред истек на 60 дена. Но, ВМРО-ДПМНЕ или не знае или се прави дека не знае дека во нашиот Уставн нема такво нешто.

Нашиот Устав е поинаков и определува дека избори не може да има само за време на вонредна или воена состојба, односно дека за време на воена или вонредна состојба се продолжуваат мандатите на пратениците и на претседателот на државата.

Ова воопшто не значи дека постои рок од 60 дена кои треба да поминат од крајот на вонредната до денот на изборите.

— реклама —

Ваквите обиди за груби манипулации се доказ дека Мицкоски свесно лаже затоа што е исплашен поразот што му следува.

Јасно му е и нему дека по сето она срамно однесување за време на кризата со коронавирусот, дека по сите изнесени лаги и конструкции, единствено што му следува е пораз на парламентарните избори.

— реклама —
Го разбираме стравот на Мицкоски од изборен пораз но тој неминовно ќе му случи.

Апелираме на одговорност и ставање на интересот на државата и на граѓаните на прво место. Тоа значи избори во најкус можен рок, веднаш по спласнување на пандемијата, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

 

Видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања