Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Калеска Ванчева: Милошоски да го одблокира Законот за рестриктивни мерки, а ДПМНЕ да го поддржи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Го повикуваме пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.

Предлог Законот до Собранието е доставен на 6 ти февруари, пред месец и половина.

— реклама —

Значи месец и половина Антонио Милошоски го одолговлекува и не го става на разгледување пред матичната комисија за надворешни.

Бараме Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки.

— реклама —

А Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен.

Ако ДПМНЕ се ЗА борба против корупцијата, ќе го поддржат законот. Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат.

— реклама —

Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД за црната лист е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивни мерки.

Со овој закон се создава можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.

— реклама —

Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.

Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција, во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем, вели Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-05-27-094907

Не стивнуваат реакциите по гафот на пратеничката од СДСМ: Заев стана Маргарет Тачер, а папата Јован Павле Втори заменет со Аца Лукас

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања