Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Калеска Ванчева на трибина на Форум на жени: Отворено му се спротивставуваме на насилството врз жените и девојчињата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
WhatsApp-Image-2020-12-07-at-20.09.10

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева на отворањето на онлајн трибината под мотото „Молкот НЕ е решение“, што се одржува во рамките на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата, истакна дека насилството продолжува да биде пречка за постигнување на еднаквост, развој, мир и исполнување на човековите права на жените.

— реклама —

— реклама —

Годинава Република Северна Македонија го обележува овој ден со навестување на промени, кои треба да ги донесе новиот закон против насилство врз жените и семејното насилство, кој овозможува сеопфатен пристап, интегриран мултидисциплинарен одговор, во справување со насилството врз жените и семејното насилство, рече Калеска-Ванчева

— реклама —

Таа истакна дека овој закон, кој е продолжение на заложбите на оваа влада, за справување со насилството врз жените, започнати со ратификација на Истанбулската конвенција во декември 2017 година, се наоѓа во собраниска процедура и парламентарното мнозинство ги вложува сите напори да биде донесен час поскоро, веројатно до крајот на годината.

— реклама —

Мора отворено да говориме за насилството и отворено да се спротивставиме, порача Снежана Калеска Ванчева на отворањето на онлајн трибината под мотото „Молкот НЕ е решение“, во организација на форумот на жени на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања