„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Калеска –Ванчева: Пакетот реформски закони, значи усогласување со европското законодавство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Slika-Snezana

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува со спроведување на реформите што значат отворање на вратите на Европската унија за Република Северна Македонија. Реформите во правосудството, владеењето на правото и унапредувањето на правата на граѓаните, се наш врвен приоритет, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

— реклама —

На вчерашната седница, со двотретинско мнозинство беше усвоен пакетот реформски закони – Законот за прекршоци, Законот за управни спорови и измените на Законот за судови , кои значат усогласување со европското законодавство, но и овозможуваат значително олеснување на казнената политика што е во интерес на граѓаните. Овие реформски закони се усвоени со широк консензус, што е од исклучително значење за нивната натамошна примена.

Со Законот за прекршоци се става крај на драконската казнена политика, воведуваме превенција наместо репресија, а казните се намалуваат и до 75 отсто. Казните за физички лица ќе изнесуваат од 15 до максимални 250 евра, наместо досегашните максимални 1.000 евра.

— реклама —

Минималната глоба за малите фирми според новиот закон ќе биде 50 евра, а максималната 2.000 евра што е намалување за два и пол пати во споредба со стариот закон кога максималната глоба изнесуваше 5.000 евра.

Истовремено, овозможуваме и можност за изрекување опомена доколку прекршокот е сторен по прв пат и не нанесол штета врз јавниот интерес.

Законот за судови, кој доби позитивно мислење од Венецијанската комисија, овозможува спроведување на судските реформи кои беа најавени и кои се дел од Стратегијата за реформи на правосудниот сектор.

Со новиот Закон за управни спорови се прецизира постапката пред Управниот суд, се зголемува транспарентноста и јавноста на постапките во управниот спор преку задолжителноста на јавна расправа во постапката.

На тој начин овозможуваме ефикасна правна заштита за граѓаните во управниот спор.

Почитувани,

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува целосно посветена на реформите што ја водат државата напред и го олеснуваат животот на граѓаните, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања