„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Калеска Ванчева: Платите растат, над 4.300 вработени во системот на детска и социјална заштита добиваат повисоки плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_5857

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат унапредување на системот на социјална и детска заштита и обезбедуваме повисоки плати за стручниот кадар.

— реклама —

Со јунската плата, стручниот кадар во градинките доби покачување од над 3.000 денари, со што над 3.100 лица кои се вработени во градинките добиваат повисоки плати, истакна Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Усогласено со Колективниот договор, повисоки плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките. Истовремено, со јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен.

— реклама —

Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени.

Ова значи дека над 4.300 лица вработени во детските градинки и социјалната заштита добиваат значително повисоки месечни примања.  Веќе од септември следува уште едно зголемување на платите во висина од 5 отсто.

Ова е јасен доказ за заложбата да го унапредиме системот на социјална заштита и доказ да обезбедиме достојни услови за работа на стручниот кадар. Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките што носат повисоки плати и обезбедуваат систем кој вистински се грижи за граѓаните, истакна Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ.

tA0SfbvX9DQ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања