„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Калеска Ванчева: Самото поднесување на оставките покажува дека постои етика и морална одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19-04-2021-Kaleska-Vanceva

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата Патот кон на Алсат телевизија истакна дека за несреќата во болницата во Тетово, не може да се каѓе дека здравствениот систем потфрлил, особено не во една ваква рана фаза, кога се уште не е завршена истрагата.

— реклама —

Таа додаде дека многу важно е каков е одговорот на државата, каков е одговорот на институциите кога се случуваат тие несреќи дали се презема, се она што може да се преземе за да се превенираат во иднина одредени несреќи.

Не постои човек во државата што со нетрпение не го очекува резултатот од истрагата, да видиме дали се работи за системска грешка, дали се работи за човечка грешка или за нешто друго. Тоа е одговорот што мора да го бараме низ институциите, што имаат одговорност за такво нешто, истакна Калеска Ванчева.

— реклама —

Таа рече дека кога се случи несреќата веднаш се формираше кризен штаб, а по еден ден стигнаа писмени оставки, кои се доставуваат до мандатарот, односно до премиерот.

Самото поднесување на оставките и она што е наведено во нив отсликува дека не можеме да говориме за непостоење на етика и морална одговорност. Тие ја чувствуваат таа одговорност и затоа ја поднеле таа оставка, тоа врвен морален чин истакна Калеска Ванчева.

Но сега Владата, односно претседателот на Владата е тој што треба да процени дали во овој момент е висок приоритет фокусот да биде даден на моралната и етичката одговорност и да заминат од функциите и да бидат поставени други луѓе или фокусот треба да биде даден на она што значи спроведување брза ефикасна сеопфатна истрага, којашто ќе ги даде резултатите, рече Калеска Ванчева.

Таа нагласи дека опозицијата ја манипулира јавноста, а постапката за оставките е јасно опишана во Уставот, законите и деловникот на Собранието.

Опозицијата прави политизација, кога на ваква трагедија се обидуваат максимално да излечат политички поени и не е тоа прв пат, се прави политизација од се, а тоа особено го гледаме од почетокот на пандемијата со коронавирусот, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

albanija

Албанија уапсени 14 лица и запленет милионски вреден имот и пари, спроведена голема акција против албанска нарко организација

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2021-09-19-111942

(ВИДЕО) СПЕКТАКЛ: Ерупција во Исланд трае шест месеци

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Македонија | пред 4 години

w_56674011

Четвртa на светската листа по смрност од корона е Македонија

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања