„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Камчев без влакна на јазик ги обелодени сите - Империја е исконструиран случај од Боки13 и Катица Јанева, вели тој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Бизнисменот Јордан Камчев го започна своето сведочење во случајот „Рекет“ каде е повикан како сведок на Обвинителството.Орце Камчев знаел дека го прислушуваат, а за тоа вели дека добил информација од адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која му ја определи мерката притвор за „Империја“.

— реклама —

„Во август 2018 прв пат слушнав дека има нешто против мене кога ми се јави адвокатот Васил Димишков преку директор на една банка, иако и претходно имaше гласини. Тој ми кажа дека сум ставен на ПИ мерки и побара 100.000 евра да ми среди поблага мерка. Ако бара ОЈО притвор, ќе ургирал да добијам поблага мерка. Јас го одбив оти знам дека не сум направил ништо. Империја е исконструиран случај од Боки13 и Катица Јанева. Боки 13 ја одби нашата понуда од 40.000 евра за реклама за Аџибадем Систина, па потоа пак се сретнавме по негово барање за финансирање на изградба на шопинг молови на локација во Карпош 4 кај Гранит“, кажа Камчев . Тој даде дека му рекле дека немал контакти со градоначалникот Богоев, оти овој го заебал, иако овој му помогнал“, истакна Камчев.

Камчев додаде дека му било кажано дека проектот  чинел 4 милиони евра.

— реклама —

„Кога го одбив ми рече дека потписник е Лазар Јанев, син на Катица и ми кажа дека е паметно да размислам. Пак го одбив. Потоа беше понуда за старачките домови, пак со препишан проект од странство со нереални бројки, пак за 4 милиони евра па го одбив. Кичеец пак ми се јави и ми рече дека Боки е љут, па му платив 180.000 евра за реклама на 1 ТВ. Практично немаше реклaма туку рекет за да не пишуваат за мене ништо. Потоа пушти фотка негова со Јанева на Инстаграм со наслов нешто големо се спрема“, кажа Камчев.

Според бизнисменот во Империја вмешана е и обвинителката Лиле Стефанова.

„Таа преку Ванчо Чифлиганец барапе локал за ќерка и, не се само овие двајца тука, треба да бидат обвинети уште многу за Империја која е поради тоа што не сакав три пати да дадам рекет. 2,4,6 или 8 милиони евра за моја слобода е понудата која и е дадена на мојата сопруга Ана која ова и е понудено на средба со Димишков во еден стан во Капиштец каде е Боки и Кичеец. Втората средба е во некоја канцеларија каде бил и Јанев, и пак го нагласувал тоа Третата средба е во Орман во стан каде е и Јанева каде паѓа закана дека ќе отвори уште 3,4 пријави против мене ако не даде пари“, истакна Камчев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања