Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Камчев: Го одбив проектот за старечки дом, на кој беше потпишан синот на Катица Јанева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
orce-kamcev

Бизнисменот Орце Камчев бараше на обвинителна клупа да бидат и Лазар Јанев, синот на Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец кој го нарече амнестиран. Камчев кажа дека откако го одбил вториот проект за старечки домови, од кој, како што потенцираше, добивка имал Лазар Јанев, врз него почнала тортурата и бил покренат предметот „Империја”, објави Макфакс. 

— реклама —

„Фалат повеќе лица, лицето кое е амнестирано Зоран Кичевски-Милевски, фали Катица Јанева и синот. Од нив ми беа понудени. Правите селективно обвинение. Ми беше понудено од Зоран Милевски, синот на Катица Јанева и Бојан Јовановски. Ми беше презентирано дека има бизнис план во кој беше понуден шопинг центар во Општина Карпош, во која што детаљите не ги знам во моментов. Тие да наоѓаат брендови, ќе го полнат молот преку телевизијата и слично, јас да инвестирам. Не го прифатив проектот бидејќи сметав дека нема бизнис логик. Вториот проект беше финансирсање на старечки домови преку Меѓународниот сојуз, се изготви финансиски извештај, јас и Бојан ги водевме договорите за тој бизнис проект. Јас имав моја локација во Карпош. Бизнис моделот го праеше дечко од неговата компанија. Од моја страна имаше исто така вклучено луѓе. Беше спорна локацијата, капацитетот. Бојан Јовановски кажа дека не е во добри односи со гадоначалникот Богоевски, па затоа баравме друга лолација. Имавме спорни моменти за земјите од каде би доаѓале пациентите, што би трбало ние да субвенционираме од тој проект, беше прилично спорна јазичната бариера бидејќи беше најавено дека ќе доаѓаат од Скандинавија, а медицинарите не можат да комуницираат со нив. Договорот беше потпишан од синот на Катица Јанева, а не од Бојан Јовановски. Јас не го потпишав, ви кажав зошто, причините од економскиот дел. Мислев дека е прескап и за мене неисплатлив”, рече Камчев.

Бизнисменот кажа дека не ги познава Фросина Ременски, Миле Јовановски, асистентката Кристина.

— реклама —

„Немаше од кого да ми биде пренесено, беше потпишан синот на Катица Јанева. Лазар Јанев, потпишан од него. Дали Бојан и Лазар работеле заедно, како и што, не знам. На масата беа Милевски и Бојан Јовановски”, рече Камчев.

извор: Макфакс. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања