Бизнисменот Орце Камчев од приемниот дел во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е преместен во внатрешниот дел на затворот. По негово барање, а со одобрение на судот тој останува сам во ќелија. Од затворот не коментираат дали сега е сместен во поголем простор, бидејќи пред една недела, неговите бранители се жалеа на малиот простор. Директорот на затворот, Филип Андов, за „А1он“ вели дека Камчев е сместен во крило на затворот, изолиран од Сашо Мијалков за да немаат заеднички контакт.
„На притвореното лице Јордан Камчев секогаш има обезбедено вода, како и секое притворено лице така и притвореното лице Јордан Камчев имаа право да си порача и флаширана вода од затворската кантина. Како и за секое притворено лице затворската полиција прави безбедносна проценка, така и за притвореното лице Јордан Камчев е направена проценка за безбедносен ризик во дадената ситуација е заштитен максимално. Тој откако е однесен на кардиолошки преглед – неговата здравствена состојба е во ред, а за понатамошни консултации за неговата здравствена состојба се консултира со затворскиот лекар“, вели Андов за „А1он“.