ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Камчев му одговори на Боки 13: Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Во домот кај Бојан Јовановски, на една од средбите кои ги имал со Орце Камчев и Зоран Милевски Кичеец, присутен бил и актуелниот министер за здравство Венко Филипче. Средбата се случила  кон средината на март.

— реклама —

– Во ниту еден случај не те наведував да ми вадиш слики од политичари, да ми покажуваш телефонски повици со политичари, да ја носиш Катица Јанева во „Аџибадем Систина“ на операција за слабеење што беше извршена. Бев повикан во твојот дом во присуство на Зоки Кичеец и на министерот за здравство Венко Филипче, одговори  Орце Камчев на прашање од Боки 13 за тоа дали свесно злоупотребувал политичари и што правел бизнисменот во домот на Боки.

-Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект?, го праша Јовановски сведокот Камчев.

— реклама —

„Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев, кој на инсистирање на обвинетиот за кој министер станува збор, рече дека бил Венко Филипче.

Камчев додаде дека тогаш му било понудено нешто што го одбил без да прецизира за што станува збор.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања