„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Камчев не барал заштита од Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20.4.kamcev

Бугарските власти тврдат дека не биле информирани од македонските колеги за случајот со бизнисменот Јордан Камчев, ниту тој барал помош од нив.

— реклама —

Минатата година Софија го предложи токму Камчев за почесен конзул.

Официјална Софија тврди дека немала контакт со бизнисменот Јордан Камчев кој е сведок-жртва во случајот „Рекет“ кој го отвори македонското Јавно обвинителство. Според информациите до кои дојде Дојче веле, Камчев ги снимал разговорите со двајцата осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски, кои го уценувале за случајот Империја на СЈО. Аудио и видео снимките од разговорите, Камчев потоа им ги предал на бугарските служби како гаранција доколку нешто му се случи, а од тамошната влада, побарал и добил и заштита.

— реклама —

Бугарските власти одбиваат да ги коментираат ваквите информации, а формално тврдат дека од Камчев не добиле никакво барање за заштита од него, иако тој е бугарски државјанин.

Софија „нема коментар“

Во одговор на барање на Дојче веле, од прес-центарот на бугарското министерство за надворешни работи соопштуваат дека „Орце Камчев не барал помош од МНР на Република Бугарија“. Според Специјалното јавно обвинителство, Камчев поседува бугарски пасош и бугарско државјанство, како и фирма во Бугарија. Таквите сознанија беа наведени во едно од барањата на СЈО за определување притвор за Камчев како осомничен во случајот Империја.

Од бугарската влада велат дека тие не биле формално информирани од властите во Северна Македонија за тековниот кривичен прогон и преземените мерки кон Камчев, а за нив дознале од објавеното во медиумите.

„Г-н Камчев не испратил никакво барање кон бугарскиот премиер и кон бугарските власти за каква и да е заштита. Овој случај не може да влијае на односите на пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, додаваат од бугарската влада.

Во бугарската Агенција за национална безбедност (ДАНС) велат дека го следат случајот, но официјалниот одговор оттаму гласи: „Без коментар“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања