„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Камчев со „Рекетот“ преку Боки 13 и Јанева сакал да го уништи СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
izjava-zaev.Still209

СЈО не знае каде е Орце Камчев, но знае што прави нивниот осомничен во Империја, а сведок во случајот со рекетот. Се следат аукциите за продажба на негови фирми и гасна централа, повелкувањето од управниот одбор на Орка холдинг, фирма вплетката во случајот со Империја.

— реклама —

Стефанова вели дека истрагата за Империја сопрела откако Врховниот суд го донел своето правно мислење СЈО да не може да истражува криминал од таканаречените бомби после рокот јуни 2017-та за поднесување обвиненија. Одлуката Јово Вангеловски и уште 16 негови колеги ја донесоа во март и таа постапка се одвиваше паралелно со постапката за притворот на Камчев за што сега е осомничена Катица Јанева.

Нема постапка или истрага да се утврди дали и во одлуката на Врховниот суд има сомнителни влијанија. Камчев и останатите во Империја се осомничен за перење, легализирање на околу 11 милиони евра, но тој со девет пати помалку пари спакувани во Луј витон торба го отвори случајот Рекет каде е сведок и во кој тврди дека му биле барани пари од Бојан Јовановски Боки 13 за полесно да помине низ случајот Империја.

— реклама —

За правниците таа постапка на Камчев има една цел- уништување на СЈО и спасување на криминалците.

-Тоа е целта на овој човек, Орце, што го има целото ова направено. Тој сака да оневозможи СЈО да работи. Зошто ги дава парите? И зошто потоа оди да пријави? За да настане таков „лом“ за да оневозможи работа на СЈО. И одат на линија дека редовното обвинителство не може да ја преземе работата на специјалните обвинители. А зошто е формирано СЈО. Па да ги разреши тие криминални дејствија, вели зa Телма поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања