Камчев: Валандово нема повеќе да тапка во место, со инвестициите што следат ќе се отворат 200 работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryb8kqb92soggibMvDONr

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Валандово“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев.

— реклама —

Камчев на самиот почеток истакна дека општина Валандово со години тапка во место, и не се движи во правилна насока заради лошите локални политики, и посочи дека економијата е сведена на најниско ниво и дека голем број на капацитети се затворени.

— реклама —

„Општина Валандово во последните години тапка во место, самиот факт дека мојот противкандидат од изборите во 2021 има изгубено повеќе од 1.000 гласови, тоа е најдобриот показател дека Валандово не се движи во вистинска насока. Нека ни кажат што тие направија за општина Валандово во поглед на развој на економијата, имавте ветено уште во 2017, проект 5-50-500, еве валандовската јавност сака да знае до каде е тој проект, иако сите знаеме дека тој проект воопшто и не е започнат. Нашата економија е на најниско ниво во последните дваесетина години, имаме најмал број на регистрирани фирми во овој момент во Валандово, голем број на капацитети се затворени. Што се случи со нашето земјоделство, што се случи со нашето стопанство, зошто е на толку ниски граники?“ го запраша Камчев противкандидатот Костадинов и актуелен градоначалник на општина Валандово.

— реклама —

Камчев истакна дел од проектите на својата изборна програма.

„Лично преговарам со две компании коишто ќе инвестираат во веќе затворени стопански капацитети и очекувам да бидат вработени некаде околу 200 луѓе, локалниот економски развој е многу значаен ќе создадам тим од луѓе што имаат искуство, во мојата програма токму акцент е ставен на реконструкција на водоводните мрежи во целата општина, во однос на еколошкиот аспект секаде онаму кадешто можеме во сите општински институции ќе направиме термо фасади, ќе се обидеме сите институции да имаат добри објекти квалитетно изведени, предвидени се нови паркови, помалите населени места во општината ќе добијат содржини за децата, забавни паркови, ќе бидат финансирани сите спортски здруженија, исто така ќе извршиме реконструкција на градскиот стадион“, посочи Камчев.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ: Загрижени сме за ПР-от на СДС, знаат ли дека СНС и Вучиќ се во друга држава политичари?

Македонија | пред 8 часа

media-librarybpgbqo9dk3vpeKnrVrn

ВМРО-ДПМНЕ: Складирањето на 30 тони дрога барало четири до пет години, фирмата на Котев работела противзаконски уште за време на власта на Филипче и Заев

Македонија | пред 8 часа

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме ЈО темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

Македонија | пред 9 часа

media-libraryak15htu5rbsccjBORE1

Ковачки: Македонија е лојален и доверлив партнер на НАТО, продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања