ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Камчева: Морам да признаам дека се плашев од Јанева да не отвори фингирани процеси против мојот сопруг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Ana-Kamcheva-600x375

Ана Камчева, даде заклетва и започна со својот исказ за „Рекет“.Таа  во своето сведочење зборува за периодот од апсењето на Камчев, односно од 9 ноември 2018 година.  Кажа дека тогаш нејзиниот сопруг ја разбудил за да се сретнат со Милевски, кој им кажал дека наутро во 6 часот ќе имало претрес во нивниот дом. Тоа и се случило по што Камчев тој ден завршил во притвор.

— реклама —

Се договоривме со мојот сопруг да ги исплатиме парите. Парите ги извадивме преку нашата сметководителка, а дома ми ги донесе Ратка Камчева, мојата свекрва која, како што беше договорено, ние да дадеме 350.000 евра, а остатокот од 150.000 евра да го обезбеди Зоран Милевски – рече Ана Камчева.

Камчева посведочи дека откако ги дала парите, нејзиниот сопруг бил пуштен во домашен притвор.

— реклама —

Камчева кажа дека нејзиниот сопруг во „Империја“ влегол со нелегален договор на Јанева, Јовановски и Милевски, а дека во ова биле вмешани и обвинителката Лиле Стефанова, судијката на претходна постапка Весна Димишкова и нејзиниот брат адвокатот Васил Димишков.

Таа посведочи дека парите ги однела во домот на Бојан Јовановски каде што биле и Зоран Милевски, Бојан Јовановски и Катица Јанева, која седела во дневната соба. Тогаш како што кажа Камчева, јанева и напоменала дека може да му отвори многу предмети на мојот сопруг.

– Морам да признаам дека се плашев од Јанева да не отвори фингирани процеси против мојот сопруг, а дури подоцна сфатив дека специјален обвинител не е Катица, туку Бојан Јовановски кој имаше многу информации, рече Камчева.

Фото: CivilMedia

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања