Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Камелеон и пријателите организираат Езерска рок симфонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Ezerska-Rok-Simfonija

За нив велат дека се вистински охридски бенд - по срце и душа и дека најдобро го отсликуваат сензибилитетот и музиката која се негува во овој град во кој „секогаш се слушала најдобрата музика“.

Охридската група Камелеон или Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски по супер успешната прослава на 20-годишнината од постоењето на бендот, заедно со уште многу гости и пријатели, на 16-ти август, со почеток во 18:30 часот, на Градското пристаниште во Охрид ќе одржат голем концерт, кој, според најавите ќе биде вистинско музичко задоволство за сите.

— реклама —

- Следејќи ги насоките и високите стандарди кои ги постави групата наназад низ годините, огромно внимание е посветено и на сценскиот изглед и секако звукот, па ветуваме дека ќе имаме вистинско аудио-визуелно уживање за сите посетители. Во самото срце на градот, очекувајте „концерт на вода и музика за душа“. Проверената охридска екипа, потпомогната од Камерниот оркестар од Битола, хорот Vox Lychnidos, Ѓоко Танески, Жармена и Горан Папаз ветуваат забава која долго ќе се памети, порачуваат организаторите.

На концертот ќе настапи и 23-годишниот студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје Теодор Љушкоски, кој од 2017 година е студент и на Факултетот за музичка уметност во Цирих. Од септември Теодор ги продолжува магистерските студии во Цирих, на отсек кларинет.

— реклама —

Организаторите додаваат дека концертот ќе се одржи согласно сите важечки протоколи за одржување на јавни настани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања