Камиказа до Бисера: Не нѐ ослободивте од ДДВ на картите, :Дали “Оган под звездите“ содржи говор на омраза или го забавува народот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
kamikaza-kostadinovska-696x364-1

Музичарот и член на бендот Меморија, Петар Георгиевски – Камиказа јавно ја праша министерката за култура дали нивната песна шири говор на омраза или го забавува народот, затоа што биле одбиени од барањето да бидат ослободени од ДДВ на билетите за нивните концерти со образложение дека не биле во програмата.

— реклама —

„Еве едно прозаично прашање за 'министерката за култура' овие денови актуелна:Дали песнава “Оган под звездите“содржи говор на омраза или го забавува народот!?За да знам, зошто не одбивте на единственото барање да не ослободите од плаќање ДДВ на картите,со образложение дека не сме во програмата?!Сите други странци и домашни квислинзи се во програмата и се ослободени од ДДВ?!

— реклама —

Колку Македонски бендови има што полнат сали!?Имам уште многу прашања,ама сигурен сум дека на ниедно нема да дадете издржан одговор,кој после “притисок“ нема да пробате да го демантирате и минимизирате!!!Се гледаме на концерт на МЕМОРИЈА во Битола на 31 август.

— реклама —

Картата е 250 денари,мислам дека можете да си дозволите ваков “луксуз“.Од секоја карта ќе платиме 45 денари ДДВ за да можете да ги спонзорирате уметниците по ваша “мерка“како на пример Мирко Попов и останати “врвни“ артисти. Македонија вечна“, пишува Камиказа на фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања