Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје на Левица го објави и слоганот со кој ќе бара поддршка на претстојните локални избори. Тој сподели и насловна фотографија, упатувајќи порака во која меѓу другото стои „Скопје повторно метропола“.
„Аирлија кадро. СКОПЈЕ ТЕ САКАМ. Може споделување ако сакате ❤️. Македонија вечна✊! Скопје повторно метропола✊!“, напиша Камиказа.
Инаку, претходно, кандидатот на Левица објави и жиро сметка за донации за кампањата.
„За сите поддржувачи кои ме прашуваа како можат да донираат за мојата кампања – ја објавуваме сметката за донации. Според законот по изборите ќе биде објавен детален извештај за сите трошоци. Уплатница ПП-30. Назив на примачот: Политичка партија „Левица” за изборна кампања за локални избори 2021. Сметка на примачот: 300 00000 46839 72. Банка на примачот: Комерцијална банка АД Скопје. Шифра: 562. Цел на дознака: Донација за кандидат градоначалник на Град Скопје - Перо Георгиевски - Камиказа“, напиша кандидатот.