Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

14 загинати во верижен судир на 23 возила во Фуџаира, камион се запалил и огнот се проширил врз останатите возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 38 минути -

Свет
media-librarynvt7bm6c91mg1yWwQSp

Тешка сообраќајна несреќа во Фуџаира, во Обединетите Арапски Емирати, однесе 14 животи, а уште 30 лица се повредени. Во несреќата учествувале 18 автомобили и пет камиони, соопшти полицијата.

— реклама —

Несреќата се случила во раните утрински часови во четвртокот, откако возач на камион изгубил контрола над возилото и удрил во автомобил. Потоа камионот излетал од патот и удрил во неколку други возила кои биле запрени поради забавениот сообраќај. Камионот се запалил, а огнот се проширил и врз останатите возила.

— реклама —

Меѓу загинатите има државјани на Обединетите Арапски Емирати, Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и Египет.

— реклама —

Дипломатскиот советник на претседателот на ОАЕ, Анвар Гаргаш, изрази длабока тага поради трагедијата и сочувство на семејствата на загинатите, посакувајќи им брзо закрепнување на повредените.

— реклама —

Сочувство упатија и Арапскиот парламент, генералниот секретар на Советот за соработка во Заливот, Јасем Ал Будаиви, како и Министерството за надворешни работи на Јордан. Тие изразија солидарност со Обединетите Арапски Емирати и семејствата на жртвите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања