ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Kамионџиите кои чекаат на италијанско-словенечката граница добија храна и вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
voda-za-kamiondzii

Камионџиите кои чекаат на италијанско-словенечката граница добија вода и храна која им ја обезбеди Амбасадата на Македонија во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

— реклама —

Една група камионџии од земјава вчера беа пропуштени, но и денеска има такви кои се уште се наоѓаат таму. Токму за да им се олесни чекањето, од нашата Амбасада во Словенија им беше однесена вода и храна, а најавено е доколку е потребно ќе се обезбедат и лекови. Камионџиите ги посети амбасадорката Сузана Зеленковска со тим од Амбасадата и во разговор со камионџиите слушнаа за нивните тешкотии, а ги информираа и за процедурите во вакви случаи.

За проблем со товарните возила министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска разговараше со неговиот словенечки колега Анже Логар. Димитров му го претстави проблемот со кој се соочуваат нашите превозници поради застојот на италијанско-словенечката граница и потребата за што побрзо негово решавање. Двајцата министри се договорија дека ќе вложат максимални напори за да се направи се што е во надлежност на министерствата за надворешни работи од регионот, како би се забрзал транспортот.

— реклама —

Инаку, овие камионџии, со други од повеќе држави се задржани на границата по одлуката на Хрватска да не пушта товарни возила кои доаѓаат од Италија, па да не се создава метеж на словенечка територија таа редуцирано и на интервали ги пропушта камионите кои транзитираат низ земјата.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања