Камионот кој пропадна среде плоштад имал дозвола од Данела за движење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
313493399_690760295711187_6822906499860809129_n

Камионот кој пропадна во фонтаната 2,5 милиони евра, имал дозвола за влез на плоштадот „Македонија“. Ова го констатирале екипи на полицијата кои извршиле увид по несреќата. Станува збор за возило сопственост на фирма од Турција. Дозволата му била издадена од Град Скопје, со кој раководи Данела Арсовска како градоначалничка. Возилото пропаднало неколку минути пред 7 часот утрово.

— реклама —

„Товарно возило ‘фиат’ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т.(31) од Република Турција, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од град Скопје, за снимање емисија пред ‘Камениот Мост’. Увид ќе врши екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

— реклама —

Возилото на турската фирма е четврто по ред за оваа година, кое пропаѓа во фонтаната изградена во време на градоначалникот Коце Трајановски. Претходно, за време на фестивалот „Пиволенд“ пропадна камион. Исто така и во 2017 година при пречекот на ракометарите на „Вардар“ пропадна возило. Лани, се преврте машина на „Комунална хигиена“.

— реклама —

Површинската фонтана во центарот на Скопје е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања