„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Камионот од кој биле украдени два тона марихуана оставен блиску до преминот Блаце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Ова е камионот од чија приколка беа украдени 200 кутии со два тона канабис, а кој сега е оставен на паркинг на патот кон граничниот премин Блаце. Кражбата на двата тона канабис се случи во петокот по полноќ од склад за преработка на канабис во валандовско Јосифово, а полицијата уште во саботата го лоцирала камионот, но без приколката, објави Makfax.

— реклама —

Складот од каде била изнесена марихуаната бил со обезбедување и во дел од селото каде немало поголемо движење на луѓе, а движењето во тој реон и не било дозволено од безбедносни причини.

Погонот ги имал сите лиценци за производство на марихуана и преработка за потреби за производство на масло.

— реклама —

МВР од синоќа спроведува голема акција во Арачиново и околината каде е пронајдена голема количина марихуана, но се уште нема детали од полицијата, иако според неофицијални информации се работи токму за дрогата украдена од погонот во вландовсвкото село.

 

извор: Makfax

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања