Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Камионот од Косово влегол празен во Македонија пред трагедијата на обиколницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library3hgt7i5g352sasMxqH8

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, изјави дека товарното моторно возило со косовски регистарски таблички, кое учествуваше во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, влегло во државата преку Граничниот премин Блаце без товар и со уредна документација.

— реклама —

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ, Николовски посочил дека при царинската контрола не биле утврдени никакви неправилности и дека и возачот и товарното возило ги исполнувале сите услови за влез во државата.

„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови што се потребни во царинската постапка за да помине на тој граничен премин“, изјавил Николовски.

— реклама —

Тој додал дека од аспект на царинските процедури сè било спроведено согласно законските прописи, додека причините за несреќата и околностите под кои се случила ќе бидат предмет на постапување на други надлежни институции.

— реклама —

„Подоцна, тоа што се случило е случај што треба да го разгледуваат други државни институции“, изјавил директорот на Царинската управа.

Тешката сообраќајна несреќа се случи во четвртокот вечерта околу 23 часот на скопската обиколница, на делницата меѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци.

— реклама —

Во несреќата загинаа тројца 20-годишни млади момчиња, како и баритонот и првенец на Националната опера и балет, Ристе Велков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryjdcnap3t3p5hdhx2DAS

(Видео) Сообраќајна несреќа на булевар „Борис Трајковски“ во Усје

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjtiqi40lpiko2oGQqA7

Тешка сообраќајка на излезот од Скопје: 25-годишна девојка се заби во банкина, итно пренесена во болница

Скопје | пред 2 седмици

media-library124r0rjd7jse5fx0Soj

(Фото) Тројца повредени во вчерашната сообраќајка на мостот „Беласица“ — се судриле две возила

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања