Директорот Џаферовски изјави дека дирекцијата изготвила флаери и два документарни филма за превенција од поплави кои од утре ќе бидат прикажувани во сите основни училишта на територија на општина Бутел.
Градоначалникот Смилевски посочи дека едукацијата на младите е од исклучителна важност и затоа се предвидени предавања за сите ученици од основните училишта во општината. Сепак, додаде градоначалникот, ние, возрасните и институциите, треба да направиме сè што можеме да не дојде до поплава. Денеска на пазарот и трговскиот центар во Бутел 1 се делеа флаери на граѓаните од општина Бутел.