„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Камперите од Треска бесни, бараат средба со Заев, во спротивно велат приколки ќе оставиме пред Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
treska

Рушење и дивеење без правна аргументираност, без информирање на сопствениците и покрај фактот дека им е даден рок приколките да ги дислоцираат до крајот на февруари е вандализам, револтирано реагираат од Здружението на граѓани и кампери на езеро Треска, објави Телма. 

— реклама —

Тие ги повикаа надлежните институции, МВР и Обвинителството да не молчат и конечно да реагираат на терен.

Побараа средба со премиерот Заев во спротивно ќе излезат на протест пред Влада.

— реклама —

“Видовме што се случи со Матка. Никој ништо не му може на тој локален шериф. Исто ќе се случи и овде. Премиерот Заев рече дека нема да дозволи локални шерифи да владеат, меѓутоа еве се уште владеат. Ние се надеваме дека Премиерот ќе прифати или службите негови, затоа што ако не го прифати во среда или во четврток ќе организираме протест пред Влада. Ако треба и приколки ќе оставиме пред Влада за да видат со каков проблем ќе се соочуваат понатаму. Велат дека повеќето немаат добиено ниту решение дека треба да се селат, само 50 – 60 приколки имаат добиено такво решение” – вели Петре Неделковски од здружението на граѓани и кампери на езеро Треска.

Текстот во целост на:  Телма. 

Фото: PRTSC ТЕЛМА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања