Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Канада можеби ќе се вклучи во конфликтот: „Не можам целосно да исклучам испраќање на војска на Блискиот Исток“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryi7l2buin9kl12RVx8cD

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека не може целосно да го исклучи можното воено учество на Канада во војниот конфликт на Блискиот Исток, но истовремено повика на деескалација на конфликтот.

— реклама —

Карни, кој оваа недела престојуваше во Австралија, одговарајќи на прашање на заедничка прес-конференција со австралискиот колега Ентони Албанезе во Канбера, истакна дека „невозможно е категорички да се исклучи учеството“, нагласувајќи дека станува збор за хипотетичко прашање.

— реклама —
— реклама —

„Ќе застанеме покрај нашите сојузници“, додаде Карни, истакнувајќи дека „секогаш ќе ги браниме Канаѓаните“. Тој го критикуваше американско-израелскиот напад врз Иран како „несогласен со меѓународното право“, но истовремено ја поддржува целта да се спречи Иран во развојот на нуклеарно оружје, што според него претставува „уште еден пример за неуспех на меѓународниот поредок“.

Премиерот повикa за деескалација на конфликтот и објасни дека целта на неговата турнеја во азиско-пацифичкиот регион е да се намали зависноста на Канада од САД во заштитата на земјата, како и да се обезбедат инвестиции и продлабочат врските со партнерите од „средните сили“ со кои Канада споделува многу ставови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 3 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи им се закани на САД и Израел: Иран е посилен и ние имаме недовршени работи

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања