„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Канал 5: Бачев ја злоупотреби „Само вистина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bacev-jonuz

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, не престанува со скандалите. Овој пат го злоупотреби просторот овозможен од Канал 5 во емисијата „Само вистина“, која е најгледана и највлијателна политичка емисија во земјава, за да упати навреди кон високи странски политичари, а повторно употребуваше и навредлив говор за Албанците, реагира телевизијата.

— реклама —

На крајот од синоќешниот телевизиски дуел со аналитичарот Агим Јонуз, Бачев упати навредливи зборови кон претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, германскиот министер за надворешни работи Михаел Рот и германската канцеларка Ангела Меркел.

„Бачев го искористи моментот дека емисијата се емитува во живо и навредите ги упати практично откако емисијата беше завршена со што тоа грубо ги прекрши етичките кодекси. Ова не беше единствениот случај. Во текот на емисијата Бачев неколку пати употреби навреди и кога говореше за Албанците. Со ваквите испади, Јанко Бачев по кој знај кој пат ја помина црвена линија во јавниот дискурс и го злоупотреби времето што Канал 5 му го овозможуваше во име на плурализмот на мислењата.

— реклама —

Линијата меѓу слободата на говорот и говорот на омразата е јасно исцртана во демократиите кон кои Македонија се стреми. Канал 5 целосно свесна за улогата што ја имаат медиумите, соопштува дека во иднина на нашата програма нема да има место ниту за Бачев, ниту за други останати поединци слични на него, кои со преку злоупотреба на јавниот простор, со помош на навреди и дисквалификации, се обидуваат да ги остварат свои цели, притоа не водејќи грижа за елементарните морални постулати.

Потсетуваме дека Бачев и летово во изјава за медиумите користеше навреди за нашите сограѓани Албанци. Случајот го проверуваше и јавното обвинителство, но нема информации дали нашле елементи за говор на омраза или случајот е затворен“, се наведува во реакцијата на Канал 5.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања