„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Канал 5 не исплаќал ни К-15 на вработените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Сведоштво на новинарот и презентер Александар Петрески (поранешен вработен во Канал5): Газдите не измамија не ни исплатија к-15 за ланската година! Од Канал5 велат дека имале лоша година и работеле законски!

— реклама —

Aleksandar Petreski

— реклама —

Neka proverat kako Kanal 5 isplati prethodnata godina k15! Vo ujp platile danok za suma od 9500 denari no taa suma nikogas ne legna na smetka na vrabotenite…

I iako bese prijaveno vo Ujp za ovoj slucaj do sega od tamu nisto ne prezedoa…

Побарана е и изјава од директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, кој за Мактел вели:

– Законот дозволува во согласност со вработените да не се исплати или да се намали висината на  К-15 ако фирмата работи со загуба, ние во 2016 бевме блокирани одреден период, и имавме големи побарувања кои не ги добивме. Секое евентуално намаљување на на К-15,  го правиме само ако има согласност од вработените, што е според законот и, нема никакво кршење на законите. Имаме писмена согласност од вработените дека се согласуваат да се намали износот за К-15, законот тоа го дозволува..

Нови реакции од екс вработени на Канал 5: Директорот Мирчевски лаже, парите кои ги пријавиле во УЈП како К-15 не ни се платени!

Канал 5 најавува тужба

– “Канал 5 најавува соодветна тужба за тешките лаги и невистини искажани од нашиот екс вработен Александар Петрески.

Имено истиот по заминувањето од Канал 5, на наш повик, дојде и потпиша согласност за исплата на К-15 според понудените услови видливи и од одлуката.

Доколку Петрески не се сеќава на овој момент, може да повели во нашите простории и да се увери на што се согласил и што потпишал , како што впрочем потпишале уште 138 наши колеги.

Ова негова црамна  лага и клевета, за жал ќе треба да ја докажува во соодветна судска постапка.”

Ова во изјава за Мактел го изјави директорот на Канал 5, Иван С. Мирчевски.

Инаку вчера и поранешниот главен и одговорен уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов, преку својот фејсбук профил, го повика Канал 5, како што вели, „да си ги расчисти работите во својот двор“.

Кабранов до Канал 5: Стојменови се поголеми лешпери од Боки 13-ка, Боки нас платите ни ги даваше на сметка а Стојменов ги даваше во плико а не пријавуваше на минималец!

Свесен сум дека 1тв и пред тоа беше но со аферата и посилно ќе биде вреќа за боксирање и офирање на, како што не викате, ѕвезди, бардови и слично. Јас како главен уредник од првиот ден имав хонорар од 50 илјади денари, не евра да не се збуните, и целиот износ го примав не на рака туку преку авторска агенција со платен персоналец.

п.с Ова решив да го објавам јавно на мојот фејсбук не на адресата на истражувачката телевизија на која и порачувам, се што има или ќе ископа за мене, а кое ке ме компромитира како алчен платеник слободно да објавите. И да нема љутиш, почнете или барем завршете го истразувањтп со вашиот двор .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања