„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Канческа-Милевска: ВМРО-ДПМНЕ да сакаше да го блокира договорот, ќе го направеше тоа, но избра да биде нем набљудувач

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
49914655_230917804508441_932845288710733824_n

Еден од амандманите предложен од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Владата не го прифати, по што свое обраќање имаше Елизабета Канческа Милевска.

— реклама —

„Сакам да го изразам моето жалење што ВМРО-ДПМНЕ го избра погрешнииот пат кон решавање на ова прашање. Ќе кажам уште еднаш на дело ја потврдија лажната политика и лажниот патриотизам.

Уште еднаш потврдија дека сакаат ова брзо да се заврши и да кажат на прес-конференција и да ги набројат со име и презиме кои се предавниците. Да им порачам дека предавници не се чувствуваме во ниту еден момент. Предавници се оние кои бегаат од реалните проблеми и личните цели ги ставаат над државните.

— реклама —

Иако сме мал број од оние кои се заложивме да успее овој процес преку амандмани, дебати, со цел да го подобриме овој договор, да го потврдиме и сочуваме Македонскиот идентитет и Македонскиот јазик на кој сме сите ние горди.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да сакаше да го блокира договорот, ќе го направеше тоа и ќе понудеше повеќе амандмани. ВМРО-ДПМНЕ длабоко верува дека ова е последна шанса и избра да биде нем набљудувач, со цел некој друг да биде крив само не раководството на партијата. Ако мислеше дека ќе направи подобар догобор ќе го направеше тоа. Ако мислеше дека ќе се уназади се со овој процес, ќе беа гласно протиб. Но тие знаат дека нема друго решение. За мене не е прифатливо да се заложува некој за еу и нато а да не вложи во истиот процес

Нема простор за манипулација ниту е време да е игра со чувствата на граѓаните. Одговорноста е многу голема кај секој од нас, ние имаме историска одговорност да бидеме дел од овој процес. Поцесот не е лесен, многу е сериозен и истиот не завршува овде во Собранието“, изјави Елизабета Канческа Милеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања