Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Кандиадат пријавил дека возач на градоначалник откако го спречил да снима спот на стадион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

DSC_0735

На 06.10.2021 во 10.46 часот во СВР Битола, В.Н.(50), кандидат за градоначалник на општина Новаци пријавил дека околу 10.30 часот од возачот на актуелниот градоначалник и В.Б.(46), полициски службеник во СВР Битола бил спречен да замине во с.Новаци и да снима спот на стадионот во селото.

Според пријавеното, додека се движел со патничко возило, двете лица со патничко возило му свиреле и се обиделе да го престигнат, но тој не застанал. Во врска со настанот во 11.30 часот во СВР Битола, В.Б. пријавил дека околу 10.00 часот, додека преземале службени дејствија, В.Н., кој бил со патничко возило, не застанал и продолжил со движење. Како што е пријавено, на ул.„Филип Втори Македонски“ со возилото се обидел да удри полициски службеник. Околу 12.40 часот, В.Н. бил приведен во полициска станица во врска со сторено дело по член 383 од Кривичниот законик и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. Во врска со истиот настан, во 15.05 часот во СВР Битола, Т.К., претседател на ФК „Новаци“ пријавил дека кандидатот за градоначалник В.Н. неовластено влегол во стадионот на ФК „Новаци“ да снима спот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања