Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.
Пред потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори воведно обраќање ќе има претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а ќе биде прочитана и содржината на Кодексот.
Пред секои избори вообичаено се потпишува ваков Кодекс, но тоа не значи дека ќе се спроведе и во пракса. Веќе е почната црната кампања, лажните вести, недоличните навреди. Не се непознати и физичките пресметки, пукања па и жртви. Не е се до Кодекс и потписи, туку до реална волја и решеност.