Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Силјановска Давкова откри каква предизборна кампања очекува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
siljanoska-ohrid

Што очекувам во кампањата, можеби е најдобро да кажам како јас ја замислувам кампањата. Веќе реков како рамноправен натпревар на идеи, како етички натпревар на програми, како витешки натпревар на ставови и јас ќе се држам до тоа. Ниту во животот сум правела, ниту имам намера да применувам „ad hominem“ или напад на личност, или перцепција на личноста во кампањата, истакна кандидатот за претсдедател  од ВМРО ДПМНЕ Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова од Охрид.

— реклама —

Секогаш ќе дискутирам за реалните проблеми, ќе им се обраќам се разбира, не само на оние кои ми отворија врата, веројатно сакајќи да покажат и да докажат демократски капацитет за некој однадвор некој како мене кој ги критикувал. Мислам на партијата ВМРО-ДПМНЕ, но јас ги критикувам и другите партии кога треба и ќе продолжам тоа да го правам. Туку ќе им се обраќам и на граѓаните, индивидуите, а не на партиите.

Зошто? Бидејќи мислам дека меѓу нив има луѓе кои ме познаваат мене, како професорка, понекогаш како некој кој на медиумите ги изразува своите ставови, значи би сакала со мене и околу мене да бидат неутралните гласачи.

— реклама —

Гласачите кои можеби идеолошки припаѓаат кон други партии но она што се случуваше овие години длабоко ги разочара оние кои првпат ќе гласаат. И мислам дека во нивно име ќе ги застапувам и пред Владата но исто така и пред Парламентот, значи шансите на некој кој е непартиски, натпартиски да ги преставува сите граѓани и да докаже дека е човек од народот, за народот, со народот. Мислам дека се големи и таквата личност има шанса да посегне кон помирување, бидејќи поподелено општество од македонското во моментов мислам дека нема, истакна  кандидатот за претсдедател  од ВМРО ДПМНЕ Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова од Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања